ВМРО-ДПМНЕ: Власта избра компанија за шиење гаќи да врши надзор на изградба на коридори

Избрале компанија за шиење гаќи да врши надзор на изградба на коридори, смрди на корупција. Вака од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ го опишуваат изборот за надзор за изградбата на коридорите 8 и 10Д.

– Скандалот со изборот на надзор за изградбата на коридорите 8 и 10Д го извади на виделина прљавиот веш на власта на Груби и Ковачевски. Овој пат буквално.
Груби и Ковачевски доделуваат тендер за надзор тежок 22 милиони евра во кој клучна е фирмата „Електра Солушн“ која до неодамна се занимавала со производство на гаќи и која лиценца за А надзор извадила дури откако тендерот бил во тек. Оваа компанија која до скоро произведувала гаќи и долна облека немала никакво искуство за надзор на изградба на патишта, а ќе добие најголем дел од овој тендер, односно 8,3 милиони евра.

Дополнително оваа компанија е во сопственост на синот Андон Ампов, и седиштето во Велес го дели со Институтот за патишта – Велес на братот Сотир Ампов – Помладиот, кој е добитник на првиот тендер за надзор, кој заради руската врска беше поништен. Да биде уште посомнително „цимер“ им се хрватската фирма ИГХ со руски капитал, како што сам кажа и Груби, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа политичка партија бараат Јавното обвинителство да отвори итна истрага за овој случај.

Претходна вестВелешанец почина од пожар во својот дом
Следна вестЗапочна продажбата на билетите за натпреварите на Македонија против Малта и Фарски Острови