Владата најавува ново задолжување преку еврообврзница од 700 милиони евра. Овие пари власта ќе ги позајми пред изборите, со што се спрема за нов поткуп, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Опозиционерите сметаат дека Заев со ова задолжување ќе го задолжи секој граѓанин со нови 22.000 денари.
-Со ова вкупниот долг ќе достигне 7 милијарди евра, од кои речиси 3 милијарди евра се задолжени во последните 4 години. Владата вели дека кризата поминала, а од друга страна, се задолжува без усул. Доколку економијата е стабилна и кризата е помината, тогаш зошто ќе зема нови 700 милиони евра ако не само за поткуп пред избори, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму велат дека Зоран Заев треба да ѝ објасни на македонската јавност каде потрошил две милијарди евра за кои се задолжи во изминатата година, како и каде ќе ги потроши овие 700 милиони евра.
-Заев мора да знае дека по промената на власта, ќе има детаљна истрага каде, како и за што биле трошени парите на граѓаните, кои треба да се враќаат во следните 10, 15 или 20 години. Одговорност ќе има, потенцираат опозиционерите.