Вниманието им е најважно: Актер гол излегол на доделување на Оскарите

Значаен дел од славните холивудски личност се повеќе се подготвени на разни „егзибиции“ за да си ја сочуваат популарноста. Последниве години, слично е и со доделувањето на филмската награда „Оскар“.

Имаше порано шамарања на сцената, па неумесни шеги…, а сега една од „егзибиционистичките“ работи на синоќешното доделување на Оскар, беше кога американскиот борач и актер Џон Сина се појави гол на сцената.

Тој ја имал задачата да ја објави категоријата за најдобра костимографија. Актерот покрил делови од телото со плик и се обидел да се пошегува дека тој е доказ дека „костимите се навистина, навистина важни“.

Меѓутоа, иако најпрво се чинеше дека е гол, потоа се појави фотографија како изгледа неговата „облека“. Тој имал парче ткаенина залепено со селотејп напред и на задната страна во случај да дојде до некоја непријатна случка на сцената и ете му падне пликото. Тоа е, всушност, „modesty pouch“ што ја користат актерите при снимањето љубовни сцени.

Колку ова е потег кој ќе му ја засили славата останува да се види. Може следниот пат и без селотејп ќе мора да излезе.

Претходна вестУкинат притворот за возачот на Љупчо Палевски
Следна вестКовачевски и се наврте на просечната плата, ќе ја прави 1000 евра, уште да каже како…