Во Албанија живеат само 2.281 Македонец, а 7.957 граѓани се изјасниле како Бугари

Според резултатите од пописот што денеска ги објави албанскиот институт за статистика ИНСТАТ, во Албанија  живеат само 2.281 граѓани кои се изјасниле како Македонци. Пред  13 години на последниот попис биле регистрирани 5.512 Македонци и за овој период бројот на наши сонародници се намалил за 58,6 проценти.

Во прегледот на ИНСТАТ ја пишува припадноста за сите етнички заедници, освен за Македонците. Кај нив стои Северна Македонија.

Од друга страна, на пописот 2023-та, Албанија го призна и изјаснувањето на Бугари како малцинство, по што како Бугари се изјасниле речиси 4 пати повеќе граѓани од Македонци односно 7.957, според ИНСТАТ.

Во сите досегашни 11 спроведени пописи ниту еден жител на Албанија не се изјаснил како Бугарин.

Пред и за време на пописот Бугарија и буграски организација засилено ширеа пропаганда и се обидуваа да влијаат врз жителите кои традиционално се изјаснуваат како Македонци. Резултатот од пописот покажува определен успех на таквата бугарска пропаганда иако сега вкупната бројка на Македонци и Бугари во Албанија изнесува над 10.100 или двојно повеќе од претходниот број на изјаснети Македонци во 2011-та година. Тоа покажува дека пропагандата и делењето на бугарски државјанства (Бугарија е земја членка на ЕУ) вродила со плод и меѓу Албанци по национална припадност, како и другите заедници за да се изјаснат како Бугари со што добиваат и пасош на ЕУ држава.

Гледано одделно од вкупната бројка Македонци 1.136 се од машки, додека 1.145 од женски пол

Од вкупно попишаните, 2.186 917 се Албанци, 23.485 Грци, 12.375 Египќаните, 9.813 Роми, 2.963 Бошњаци, 2 459 Власи, 584 Србија, 511 Црногорци. Останатите се изјасниле дека припаѓаат на друга етничка група или одбиле да се изјаснат.

Според пописот, Албанија има 2.402.113 милиони жители. Споредено со  пописот спроведен во 2011 година бројот на популацијата е помал за 409 864 жители. Во 2001 година попишани биле 3 069 275 жители.

-Изразено во проценти бројот на населението споредено со пописот во 2011 година се намалило за 16 отсто. Во периодот 2001/2011 падот е за осум отсто. Произлегува дека процентот на намалувањето на бројот на населението е двојно повисок, објави Еуроњуз Албанија.

Ова е 12-ти по ред попис, од кога Албанија е прогласена за независна држава, во 1912 година. Првиот попис бил спроведен во 1923 година, а претпоследниот  бил во 2011 година. Планираниот, за 2021 беше одложен поради пандемијата со ковид-19, а следната година бидејќи „не биле обезбедени неопходните алатки за собирање информации на терен“.

Претходна вестВлада: Не е точно дека го прекршуваме договорот од Преспа
Следна вестПетровска повика да се откажат изборите за претседател на СДСМ