Во Битола пронајдени 1.408 пушки од балканските војни

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека во близина на поранешниот гарнизон во Битола, при изведување на градежни земјени работи пронајдени се 1.408 пушки од минатите балкански војни и истите се подигнати и складирани на безбедно од страна на ДЗС Битола.

-Се предупредуваат граѓаните ако случајно пронајдат оружје, бомби, гранати и слични неексплодирани бојни средства (НУС) од минатите војни да не ги фаќаат и да не ги поместуваат, туку едноставно да ја пријават локацијата и виденото на 112 во ЦУК, а потоа надлежните за НУС од Системот за управување со кризи безбедно ќе ги отстранат и неутрализираат, согласно стандардни оперативни процедури, се наведува во соопштението.

Дополнително, ЦУК информира дека има еден пожар на отворено во последното деноноќие. Пожарникарите од ТППЕ Радовиш од 18:30 часот гаснеле до доцна во ноќта шумски пожар во с. Коџалија, над гробиштата. Била зафатена со пожарот добова шума согласно лоцираноста на пожарот од екипа од 3 вработени од Национални шуми подружница „Плачковица“ каде што теренот бил и непристапен. Дејствувањето врз пожарот во текот на денешниот ден ќе продожи.

Претходна вестБилјана Јаневска поднесе оставка од сите функции во ЛДП
Следна вестБруно Фернандеш сподели стори за Стефан Ристовски и напиша: Феномен!