Бруно Фернандеш сподели стори за Стефан Ристовски и напиша: Феномен!

Фудбалерите на Динамо Загреб и оваа сезона ги собраа сите трофеи во Хрватска. Откако на почетокот на сезоната го освоија Супер купот, финишот го зачинија со трофеите во првенството и националниот Куп.

Еден од најстандардните во тимот на Динамо беше поранешниот македонски репрезентативец, Стефан Ристовски. Десниот бек за она што го прикажа сезонава е избран во идеалниот тим на сезоната во Хрватска.

Инаку, Ристовски во Динамо дојде од Спортинг Лисабон. За нешто повеќе од две сезони во Спротинг, Ристовски стана голем пријател со сегашниот капитен на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш.

Поради тоа не чуди што Бруно на својот профил на Инстаграм со речиси девет милиони следбеници сподели фотографија од Ристовски пред трофеите освоени во штотуку завршената сезона. Покрај фотографијата ставил емоџи од срце и напишал „феномен“.

Претходна вестВо Битола пронајдени 1.408 пушки од балканските војни
Следна вестСредба Мицкоски-Гир: ВМРО-ДПМНЕ има силна европска заложба