Македонската сениорска фудбалска репрезентација ќе одигра две пријателски средби во наредниот период, два натпревари на гостински терен против Хрватска и Чешка.
Тоа се две квалитетни селекции, два тима со играчи од најдобрите лиги на светот и ќе бидат тестови кои ќе бидат добредојдени за избраницита на Благоја Милевски.
Еден од најдобрите наши играчи во овој состав дефинитивно е напаѓачот Бојан Миовски кој верува дека ќе имаме што да покажеме во Ријека (3 јуни) и Храдец Кралове (10 јуни).
-Хрватска е исклучителна репрезентација, секогаш во врвот на големите натпреварувања. Одличен тест за нас да видиме на кое ниво сме, знаеме дека секогаш играме одлично против големи селекции и се надевам дека така ќе биде и овој пат.
-Ќе ни недостасува капитенот Барди, но во средниот ред имаме одлични млади фудбалери, ова е одличен тест и за нив, -порача членот на Абердин.