Времето денес сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд

Во Македонија во срдата ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и појава на град.

Индексот на ултравиолетовото зрачење ќе има вредност 6.

Утринските температури се движат од 5 до 13, додека максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 18 и 29 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе достигне до 26 степени.

Претходна вестВо март 79 отсто од потрошената струја од домашни извори
Следна вестМиовски: Хрватска е одличен тест за да видиме до каде сме