Во болниците низ земјава и на инфективните одделенија во Скопје се лекуваат 766 пацинети позитивни и суспектни на коронавирусот, а во текот на вчерашниот ден во ковид-центрите во Скопје биле хоспитализирани нови 34 пациенти, соопшти денеска Министерството за здравство.
-Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и наведуваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород и дека има околу 450 празни болнички кревети во ковид-центрите, се наведува во информацијата.
На инфективните одделенија во Скопје се лекуват 338 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Во земјава вчера беа регистрирани нови 556 случаи на Ковид 19 и заклучно со вчерашниот ден вкупниот бројот на активни случаи изнесува 16.372.
Вчера се направени вкупно 2953 тестирања, а од регистрираните 556 нови случаи на ковид-19 во Скопје се 270, Куманово-24, Штип-17, Прилеп-17, Тетово-17, Струга-6, Велес-23, Битола-10, Охрид-12, Кавадарци-21, Гостивар-17, Гевгелија-6, Струмица-22, Крива Паланка-13, Радовиш-10, Кочани-14, Пробиштип-1, Македонски Брод-4, Пехчево-6, Берово-12, Валандово-1, Виница-2, Делчево-4, Кратово-5, Свети Николе-3, Кичево-12, Ресен-1 и Неготино-6.
Како оздравени од страна на Институтот за јавно здравје беа регистрирани 404 пациенти, а 22-ца починати кои се на возраст меѓу 47 и 84 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86150, бројката на оздравени пациенти е 67164, на починати е 2614, а бројот на активни случаи изнесува 16372. Според досега завршените епидемиолошки анализи во Скопје има имајмногу активи 10.017 лица.