Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корон авирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ Македонија е 1.072. Инаку има околу 300 празни болнички кревети во ковид-центрите. Ова го информираат од Министерството за здравство.
Од таму додаваат дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава, со исклучок на главниот град, е пријавено дека се лекуваат вкупно 613 пациенти позитивни и суспектни на вирусот.
-Во болницата во Битола се хоспитализирани 53 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 58 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 30 болни, а во Куманово 89 пациенти позитивни и суспектни на Ковид. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 65 пациенти, во Прилеп 80, во ковид-центарот во Гостивар 38, а во Струга 38 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 64 пациенти, во Кочани 39 во Кичево 20, Кавадарци 20, во Гевгелија 18 лица, а во Дебар 5 позитивни и суспектни на коронавирусот, посочуваат од ресорното министерство.