Во Центар пронајдено лице во безсознание, починало во болница

Лице кое вчера било пронајдено во безсознание во скопската општина Центар починало во болница, соопшти полицијата.

МВР информира дека на 25.06.2023 во 10,30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„50-та дивизија“ во близина на угостителски објект на подрачје на Центар пронајдено е едно лице во безсознание.

-Тоа по пренесувањето во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ подоцна починало, а смртта е констатирана од лекар, без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на судска медицина за обдукција, соопшти МВР.

Претходна вестТепачка поради паркинг во Тетово
Следна вестБраво: Кирил Лазаров во Куќата на славните на ЕХФ