Во Чаир и Карпош најголем пораст на новозаразени

Скопските општини Чаир и Карпош се подрачја во кои за едно деноноќие имало најголем пораст на новозаболените од корона вирусот. Министерството за здравство денеска информира дека заклучно со вчера во Чаир и натаму има најголем број на заболени – 413. Тоа е за 11 лица повеќе отколку што имало заболени завчера кога бројката изнесувала 402. Во Карпош, пак, до вчера имало 124 активно заболени што е за осум повеќе отколку завчера.

Во останати скопски општини бројот на активните случаи бележи помали осцилации. Во Гази Баба до вчера имало 149 активни случаи, во Сарај – 141, во Бутел 136, Аеродром – 135, Центар – 127, Кисела Вода – 101, Студеничане – 89, Ѓорче Петров – 83, Шуто Оризари – 72, Арачиново – 49, Илинден – 33, Петровец – 16, Чучер Сандево – 16, Сопиште – 12, Зелениково-2, Странец – 3 и Нераспределен-3.

Во Скопје, инаку, до вчера имало 1785 активни случаи на заразени од вирусот.

Претходна вестСо специјален штрафцигер стартувале и украле камион на булевар “Борис Трајковски“
Следна вестФилипче: Со отворање на границите и аеродромите нема да се зголеми бројот на дијагностицирани пациенти