Во две сообраќајки повредени двајца полицајци во Скопје 

Двајца полициски службеници се повредени во две одвоени сообраќајни несреќи што се случиле вчера на скопското подрачје. Во првата несреќа на улицата „518“ во правец кон „Саем – Ќерамидница“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Поло“, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник и патничко возило „Ауди А8“, управувано од И.П.(27) од Скопје.

-Во незгодата возачот и сопатникот од патничкото возило „Поло“ се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде биле пренесни за укажување на лекарска помош. За незгодата е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, се наведува во информацијата на МВР.

Во втората, околу 16.00 часот, на улица Коста Новаковиќ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Тојота“, управувано од Д.Н.(45) од Скопје, патничко возило „бмв“, управувано од А.Н.(24) од Битола и патничко возило „Ауди“, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник.

-Во незгодата со телесни повреди се здобил полицискиот службеник,  констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. За незгодата е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, информира полицијата.

Претходна вестВо седум скопски општини има повеќе од 100 позитивни на корона вирусот
Следна вестНа скопјанец му се запалил „Мерцедесoт“ додека го возел