Хеликоптерот на МВР „МИ-171“ полни вода од малата брана, ископ за песок до Акумулација „Турија“ и носи брзо вода кон опасниот крак на пожарот што се доближи до селото Сушево, Струмичко, соопштија од ЦУК.
Како што додаваат од таму, полнењето вода и дејствувањето по пожарот, храбрите пилоти на МВР, го извршуваат во интервал од три до пет минути.
Пожарот го започна вчера кај Василево, денеска почна да се разгорува и да се шири кон селата Сушево и Злеово. На терен се екипи на струмичката територијална противпожарна единица.