Гази Баба, Бутел и Шуто Оризари се е единствените скопски општини во кои од почетокот на месецов, заклучно со денеска е забележано зголемување на бројот на активно болни. До денеска, според податоците на Министерството за здравство, во Гази Баба има 201 активно заболени лица. Тоа е за 16 повеќе отколку што изнесувала бројот на крајот од минатиот месец – 185. Во Бутел, пак, сега има 170 заболени наспроти 155 на почетокот на месецов. Во Шуто Оризари во изминативе пет дена бројката се зголемила од 87 на 95.
Охрабрувачки е тоа што во овој период е значително намален бројот на активно заразени во општина Чаир. Денеска тој број изнесуваше 402, а што е за дури 52 случаја помалку отколку пред пет дена кога беше 454 и кога се движеше кон бројката од 500. Намалувањето на бројот на активно болни е забележано и во Сарај за 13 лица, од 163 на 150 заболени, во Аеродром има за 11 помалку: од 166 на 155. Од почетокот на месецов во Кисела Вода бројот на заболените опаднал од 119 на 110, во Карпош од 170 на 166, а Центар има три пациенти помалку, од 152 на 149. Во западната општина Ѓорче Петров има помалку три пациенти – од 118 на 155.
Арачиново сега има 51 активно болен, Илинден – 35, Петровец – 17, Чучер Сандево – 18, Сопиште – 9, Зелениково-8 и двајца странци.
На подрачјето на целиот град сега има 1.960 активно болни.