Темно Режим Светло Режим

Во градинките до сега заболени 18 деца и 55 вработени

Од стартот на отворањето на градинките досега има вкупно 18 деца и 55 вработени позитивни на корона вирусот, информира денеска Јагода Шахпаска, министер за труд и социјална политика при посетата на градинката „Темјанишка“ во Гази Баба.

Но, загрижувачки било што бројот на заболени деца и вработени во градинките во последните две недели се зголемува.

-Само во периодот од 6 до 19 октомври регистрирани се шест дечиња и 21 вработен позитивени на вирусот. Здравствената состојба на сите што досега беа позитивни дечиња и вработени е добра. Во изолација се 309 деца и педесетина вработени. Немаме хоспитализација, освен оние две што претходно се завршени. На голем дел периодов им заврши изолацијата така што генерално здравствената состојба на децата и вработените во градинките е добра, изјави Шахпаска.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Не, не оди вака со комисија со одвај 3-4 историчари

Следниот Пост

Бензините поевтини за половина денар, дизелот со истата цена