Дури 12 пациенти починале од вирусот, најмладиот има 41 година, новозаразени се 161 лице

Дури 12 лица се починати во изминатово деноноќие од корона вирусот во Македонија, соопшти денеска Министертсвото за здравство.

Починати се 12 лица, 7 пациенти од Скопје (56, 86, 71, 57, 41, 86 и 82г), пациент од Струга (67г), од Тетово (85г), од Битола (68г), од Кавадарци (56г) и пациент од Прилеп (63г). Сите пациенти се починати во болнички услови, се наведува во информацијата.

Во последните 24 часа се направени 771 тестирања, а регистрирани се 161 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 90, Куманово 11, Штип 2, Прилеп 6, Тетово 5, Велес 4, Кавадарци 2, Гостивар 15, Струмица 8, Крива Паланка 1, Радовиш 1, Кочани 3, Пробиштип 2, Берово 6, Валандово 1, Делчево 2 и Кичево 2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти.

Досега во Македонија се направени вкупно 221.782 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23788, бројката на оздравени пациенти е 17392, на починати е 846, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5550.

Претходна вестИсторичарката Котлар: Ќе биде најлош вид на фашизам доколку Делчев го прогласат за Македонец во регионална смисла, а…
Следна вестАеродром убедливо со најмногу заразени во Скопје, следуваат Карпош, Центар…