Груевски: Денешната истрага е лага смислена за прогон и хајка против мене и други луѓе  

Власта продолжува со политичкиот прогон и хајките против мене и против други луѓе кои ги прогонуваат за да изнудат било какви изјави против мене, реагира поранешниот премиер Никола Груевски на соопштението дека е отворена истрага против него за „Плацот на Водно“.

Во денешната објава на неговиот профил на социјалната мрежа Фејсбук тој потенцира дека денешната истрага има иста цел како и сите претходни и е без никаква основа.

врдењата се лага очигледно смислена и конструирана со цел за моја дискредитација, понатамошен прогон, дефокус на јавноста од нивното катастрофално работење, тргувањето со националниот интерес, бројните и секојдневни проневери, криминал и рекет кој го прави власта, напиша тој.

Груевски потенцира дека се што стои во објавата со која отвориле истрага е лага/

-Се е неточно и еден ден се ќе им падне. Ќе останат само траумите кои ги направиле кон сите кои ги прогонуваат и сеќавањето за времето кога Македонија е држава со најголем број политички прогонувани лица во Европа заедно со лицата прогонувани со намера да се принудат да бидат средство и алатка на власта во прогонот кон политичките неистомисленици, објави поранешниот премиер кој сега престојува во Будимпешта, Унгарија.

Инаку, наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик , донел надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден. Неофицијално се дознава дека првоосомничениот во случајот е поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, а третоосомничен е Ристо Новачевски, кум на Груевски. Меѓу осомничените се и Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев, неговата мајка Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ, бизнис-партнер на Орце Камчев

Претходна вестПрволигашите до Антиќ: Сакаме да има кошарка, решете го проблемот до среда или одете си од КФМ
Следна вестИсторичарката Котлар: Ќе биде најлош вид на фашизам доколку Делчев го прогласат за Македонец во регионална смисла, а…