Во Индија родени четири гепарди, вид кој во таа земја е прогласен за исчезнат пред 70 години

Четири нови гепарди се родени во Индија. Повеќе од 70 години откако е прогласено дека гепардите се официјално истребени во Индија, таа држава сега е дом на четири новородени гепарди, изјавил министерот за развој на животната средината Бупендер Јадав.

Гепардите се потомци на две од осум рехабилитирани гепарди донесени минатиот септември од Намибија во индискиот Национален парк Куно во централната држава Мадија Прадеш, во склоп на планот во Индија да има 50 вакви големи мачки во наредните пет години.

Јадав на Твитер навел дека раѓањето на гепардите е важен настан во зачувувањето на дивиот живот на Индија.

Се огласил и премиерот Нарендра Моди кој раѓањето го нарекол „прекрасни вести“.

Објавата за раѓањето на гепардите дошла неколку дена откако еден од намибиските гепарди, Саша, угинал од болест на бубрезите.

Претходна вестЦрните дупки ги збунуваат научниците, имаат маса 30 милијарди пати поголема од масата на Сонцето
Следна вестВладата: Одлуката на Уставен не значи дека автоматски ќе се зголемат платите за 78 проценти