Двајца мажи беа егзекутирани со бесење во Иран затоа што запалиле копија од Куранот и го навредувале пророкот Мухамед, пренесуваат иранските медиуми. Садрола Фазели Зар и Јусеф Мердад беа осудени за „навреда на пророкот Мухамед и други богохулства, вклучително и палење на Куранот“, се вели во соопштението, додавајќи дека и двајцата утрово биле егзекутирани со бесење.
Во март 2021 година, еден од обвинетите призна дека отворил профил на Телеграм за да го „дискредитира исламот“ со објавување навреди, се вели во соопштението, додавајќи дека другиот обвинет формирал група на интернет „за да пропагира атеизам“.
Според податоците на неколку невладини организации, Иран е втора земја со најголем број егзекуции после Кина. Минатата година во Иран беа егзекутирани повеќе од 580 луѓе.