Бројката на заразени расте, болниците се преполни, а вакцини нема. Вината за ова, од Алијанса за Албанците на Зијадин Села и Алтернатива на Африм Гаши ја лоцираат кај премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, од кои бараат одговорност што власта не ги сфатила сериозно предупредувањата од СЗО за трет бран од пандемијата со корона вирус.
Поради лошата состојба во болниците, тие предлагаат Универзитетските клиники во Клиничкиот центар да бидат прогласени за „зелени зони“, каде ќе се лекуваат пациенти со разни болести кои негативно влијаат на општото здравје на населението, додека Градската болница „8 Септември“, спортската сала Борис Трајковски “ и касарната „Илинден“ да станат ковид – центри или „црвени зони“.
Исто така, тие предлагаат секој граѓанин еднаш неделно да може да се тестира со брзи тестови за коронавирус, како и проширување на Комисијата за заразни болести со професионалци од областа на инфектологија, микробиологија и имунологија.
-Во октомври, се лансира роверот „Персеверенс“ на НАСА за планетата Марс, а во исто време премиерот Заев вети дека ќе обезбеди вакцини до декември 2020 година. Роверот пристигна на Марс пред 6 месеци, додека вакцините кај нас сè уште ги нема никаде, велат од оваа коалиција.