Цените на угостителските услуги во март годинава се зголемени за 2,7 отсто во споредба со претходниот месец, а во однос на март 2021 година пораснале за 7,1 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со февруари 2022 година, зголемување на угостителските цени има кај храната за 3,4 отсто, алкохолните пијалоци за 1, безалкохолни пијалоци за 1,1 и ноќевања зата 2 отсто.
Цените, пак, на угостителските услуги за периодот јануари – март 2022 година, во споредба со истиот период од минатата година се зголемени за 5,2 отсто, додека во однос на декември 2021 година пораснале за 3,4 отсто.