Кривична пријава заради кријумчарење на мигранти поднесена е од страна на полицијата против 22-годишниот жител на скопското село Батинци Е.С. и уште едно лице, соопшти МВР.
-На 19.08.2020 во 07.30 часот на автопатот во близина на клучка Неготино, кај место викано „Полна цигла“, полициски службеници сопреле товарно возило „волво“, кое го управувал првопријавениот. При преглед во возилото биле пронајдени 70 мигранти, информира полицијата.