Во камион шверцувал 44 мигранти од Сирија, заработи пријава

Лишено од слобода е лицето С.Л.(23) од с. Сопотница, демирхисарско од страна на службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Стар Дојран“, соопшти полицијата.

МВР информриа дека вчера при преглед во товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, во специјално направен бункер во возилото, биле пронајдени 44 лица мигранти од Сирија, од кои 14 малолетници.

-Мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар, а лицето било приведено и задржано во Полициската станица Гевгелија. Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во информацијата.

Претходна вестЕСМ бара потрошувачите да проверат дали објектите се подготвени за грејната сезона
Следна вестЗа сегашната криза ли Владата ги донесе мерките?