Во Кавадарци, Прилеп и Охрид новиот британски сој се пренесувал на прослави и собири

Евидентно е зголемување на бројот на заразени со корнавирус во изминатиот период и тоа онаму каде што е детектирана новата британска мутација.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ги посочи Прилеп, Охрид и Кавадарци како места каде има најмногу хоспитализирани и пораст од 20 до 50 % на заболени за последните два дена, а како причина смета дека се одредени настани и прослави.

Сепак, тој вели дека зголемувањето н хоспитализации за околу 60 лица повеќе во споредба со претходниот месец на ниво н цела држава не е причина за воведување рестрикции.

Претходна вестЧиј збор е последен за руските вакцини, на Филипче или на Заев?
Следна вестКовид-19: 10 починати и 449 нови заразени со корoнавирус во 24 часа