Во скопските ковид-центри се лекуваат 257 пазиенти а во останати центри во земјава 369, соопри денеска Министерството за здравство, Во информацијата се наведува дека со вкупната бројка од 626 пациенти слободни се 430 легла за прием на нови пациенти.
-Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а од нив 5 се примени на интерните клиники, 6 во ГОБ 8 Септември, тројца на Инфективната клиника и исто така тројца во болницата во Козле. Дома се пуштени 21 оздравен пациент, се наведува во соопштението.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 30 пациенти, на Клиниката за неврологија 15, а на Институтот за ТБЦ има вкупно 24 пациенти со симтоми на коронавирусот. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 74 болни, на Клиниката за инфективни болести 86 пациенти, во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 27 пациенти, а на ГАК е хоспитализирана една ковид-позитивна пациентка.
Во однос на другите градови низ државата, Охрид е со најмногу хоспитализирани пациенти со коронавирус-53, а потоа следува Прилеп со 50 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 23 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, во болницата во Штип има 36 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 15 пациенти, во Велес се лекуваат 27 болни, а во Куманово 44 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во Струга има 21 пациент, во болницата во Струмица хоспитализирани се 26 пациенти, во Кочани 4, во Кичево 8, Кавадарци 34, во Гевгелија 4 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.