Заев дал насоки да се нарачаaт 100.000 руски вакцини

Наскои да се нарача и руската вакцина „Спутник V“ дал премиерот Зоран Заев. Во изјавата којa тој ја даде денеска премиерот објасни дека толкава нарачка нема да создaде вишок на вакцини во земјава.

-Вчера во координација со министерот за здравство добив информација дека имаме капацитет за дополнителна нарачка на 100 илјади вакцини која би ги надополнила капацитетите и не би дозволила да има вишок. Дали би нарачале од Спутник? Да, дадов насоки како што не информираа дека има капацитет за дополнителни 100 илјади да се направи од таму нарачка. Воспоставени се контакти се со цел процесот на вакцинирање да не прекине и да продолжи во предвидената динамика, истакна Заев.

Претходна вестВо ковид-центрите 626 пациенти, слободни 430 кревети
Следна вестПетмина приведени по тепачката во локалот „Трибека“