Починаа 16 лица, 254 нови случаи и 151 оздравен пациент од корона вирусот

Во последните 24 часа се направени 2.160 тестирања, а регистрирани се 254 нови случаи на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство. Од нив најмногу се во Скопје  – 111, Прилеп – 29, Кавадарци – 20, Охрид – 13, Неготино – 10, Битола – 9, Гостивар – 7, Куманово и Велес – по 6, Тетово и Гевгелија – по 5, Штип, Струмица, Струга и Ресен – по 4, Кочани, Делчево и Виница – по 3, Кичево, Дебар, Крива Паланка, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар, Крушево, Богданци – по 1.

Пријавени се вкупно 16 починати лица. Починати се 5 пациенти од Прилеп (83г, 75г, 75г, 73г, 49г), 3 пациенти од Охрид (85г, 83г, 77г), 2 пациенти од Скопје (78г, 62г) и по еден пациент од Куманово (76г), Крива Паланка (76г), Струга (68г), Гевгелија (75г), Кочани (83г) и Неготино (67г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови, се наведува во информацијата.

Регистрирани се 151 оздравени пациенти од: Скопје – 86, Велес – 17, Прилеп – 15, Тетово – 7, Куманово – 6, Крушево – 4, Гевгелија – 3, Битола, Кичево, Виница, Кратово – по 2, Штип, Кочани, Дебар, Крива Паланка, Радовиш – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 502.711 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.285, бројката на оздравени пациенти е 89.400, на починати е 3.063, а бројот на активни случаи изнесува 6.822.

Во Скопје сега има 2973 активни случаеви, во Куманово 213, Тетово 234, Прилеп 483

Претходна вестПетмина приведени по тепачката во локалот „Трибека“
Следна вестМакедонија ја победи Италија и се избори за шанса за учество на Евробаскетот