Пет момчиња се степале на крстосница, двајца завршиле во болница

Две момчиња се повредени по пресметката која што се случила синоќа во скопската населба Влае поради недоразбирањето во сообраќајот.

МВР синоќа информира дека во инцидентот учествувале пет момчиња, а се случил на раскрсницата кај мостот „Влајко“.

-Во инцидентот учествувале две лица кои биле со автомобил „Голф“ кои биле нападнати од три лица со „Опел корса“. Лицата почнале да удираат по возилото при што го скршиле задното стакло на автомобилот, стаклото крај совозачкото седиште и еден од предните светла, информираат од МВР.

Двајца од учесниците во инцидентот на возраст од 22, односно, 28 години завршија во болница, но засега не е познато за природата на повредите.

Претходна вестЗадолжителен седумдневен карантин при влез во Грција
Следна вестКаде ли брзаат скопјани во недела, па возат многу над дозволеното?