Заев: Нема политички договор за бегството на Мијалков, најавувам одговорност

Апсолутно дека нема политички договор околу бегството на Сашо Мијалков за кое очекувам целосна истрага и да биде приведен, а најавувам и одговорност, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Во изјавата за новинарите тој рече дека очекува разрешница на целиот случај и утврдување дали некој затаил во спроведувањето на решението за куќен притвор за Мијалков.

 Јас сум разочаран дека не е пронајден и приведен. Барам да постапат институциите и да ја спроведат судската одлука. Очекувам комплетно детали за бегството и нашиот народ очекува целосно понесување одговорност. Апсолутно дека нема политички договор, прво јас сум среќен што како извршна власт сме обезбедиле услови во време после режим е организиран правен процес и очекувам оваа седмица како што е најавено да финишира и веќе е најавена казна и веројатно тоа е причината зошто не можело да биде пронајдено лицето Сашо Мијалков дома. Очекувам комплетно да има разрешница на случајот како што очекувам час поскоро да биде лоциран и биде ставен во домашен притвор, рече Заев.

Тој, одговоарајќи на забелешката дека никој не одговарал за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, рече дека сега јавно ќе побара одговорност.

-Народот бара правда. Нема да навлегувам во деталите заради тоа што сум транспарентен но можам да реметам истрага и ќе испадне дека сум истражител, обвинител судија или слично. Уште еднаш ќе кажам јас и нашиот народ е разочаран и очекувам лоцирање и пронаоѓање за доколку биде осуден да си ја лежи казната.  Очекувам детали што се случило каде бил како е спроведено решението зошто не е пронајдено лицето и слично. Согласно тоа најавувам одговорност. Дали ќе биде БЈБ, АНБ, министерот, премиер и било кој, ако има погрешено. Доколку постои одговорност, ќе се бара одговорност од кого и да е, рече Заев.

Премиерот додаде дека треба да се расветли и прашањето како постапувала МВР во однос на Мијалков во овој период додека се чекало изрекнувањето на пресудата.

-Ако имало решение на суд во рацете на МВР и таа не го спровела решението одговорност ќе има најголема на свет. Да ги почекаме деталите да лоцираме одговорност. МВР постапува по закон. МВР не може да ограничи движење, може само да набљудува. Треба да учиме од ваквиот систем, но кога завршни зборови дава обвинителот тој тогаш има право да побара и мерки. Извршната власт е надвор од судскиот систем, не се оградувам, но мислам дека треба да се почека да се видат деталите околу тоа што се случувало, додаде Заев. 

Претходна вестСлучај охридска болница: За вакцинирање преку ред секретарот доби разрешување
Следна вестЗа 30 евра купуваат лажен негативен ПЦР- тест и ризикуваат да завршат во полиција