Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализрани 10 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 248 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, што е повеќе од една третина од вкупниот број на пациенти со ковид кои се лекуваат во болнички услови во целата држава – 625.
Најмногу приеми имало во ГОБ „8 Септември“ – 5, и 4 на Инфективната клиника, додека само еден на интерните клиники.
Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 7 оздравени пациенти.