Мијалков „исчезнал“ вчеравечер меѓу 19 и 21 часот – од попладнево се бара со меѓународна потерница

Основното јавно обвинителство денеска отфрла дека ненавремено постапиле за да спречат бегство на Сашо Мијалков и вели дека се сомнева оти некој му помогнал да избега, за што најавува истрага.

Во соопштението тие објаснуваат дека порано не можеле да предложат домашен притвор за Мијалков, наместо досегашните мерки за претпазливост, бидејќи првите индиции дека осомниченито за масовното прислушување во слуајот „Таргет – Тврдина“ ги добиле дури во саботата во 23 часот.

Текот на настаните според Обвинителството се одвивале вака:

-Во неделата утрото по направените неопходни проверки, изготвен е предлог за определување на притвор. Во 12:00 часот со цел да обезбеди услови за прием на предлогот за притвор, обвинителството го извести Основниот кривичен суд – Скопје за изготвениот предлог, како и Министерството за внатрешни работи. По исполнување на административните процедури, предметните обвинители во 14:30 часот се упатиле во Основниот кривичен суд – Скопје, каде во 15:00 часот Предлогот за определување на притвор е примен од судот и со Решение на обвинетиот Сашо Мијалков му е определeна мерка куќен притвор и 24 часовен видео и аудио надзор. Решението од страна на обвинителството  е примено во 18:45 часот.

Во меѓувреме, до приемот на решението, јавните обвинители биле известувани од надлежни лица во Министeрството за внатрешни работи дека имаат визуелен контакт со обвинетиот Мијалков и дека тој не е избеган.

Но во 21:20 часот обвинителството е известено дека има проблем со врачување на решението за притвор, по што во 21:47 е потврдено дека обвинетиот Мијалков не е пронајден.

Во меѓувреме, од Кривичниот суд објавија дека денеска претпладне одобриле и распишување меѓународна потерница по Мијалков, што индицира на сомневања дека тој е надвор од земјава.

Претходна вестЗаев: ЛДП можела да почека за делување самостојно, времето не е соодветно за таква одлука
Следна вестЌе се истражува колку жители на Скопје имаат антитела од корона вирусот