Во ковид-центрите во Македонија се лекуваат 1.708 пациенти

Вкупно 1.708 пациенти се лекуваат во ковид-центрите во Maкедонија, а слободни се околу 338 болнички кревети, соопшти денеска Министерството за здравство.

Во информацијата се наведува дека во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 61 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.

-Вкупно 704 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Утрово до 8 часот имало 83 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места, се наведува во соопштението.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 138 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 153 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 33 пациенти. На Клиниката за детски болести има 16 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и  рехабилитација има 52 болни.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 152 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип е хоспитализиран 91 пациент. На  инфективното одделение во Тетово има 37 пациент, во Велес се лекуваат 88 болни, а во Куманово 105 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 121 во ковид центарот во Гостивар 46, а во Струга 22 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 95 пациенти, во Кочани 29 во Кичево 30, Кавадарци 57, а во Гевгелија 26 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. 

Претходна вестПриведен агент за недвижности, се сомничи за измама на повеќе купувачи на станови
Следна вестБраво, златен, сребрен и бронзен медал за млади математичарки на Европската женска математичка олимпијада