Во крушевско Норово фрлен запален тврд предмет кон училиште, повредено дете

Во крушевското село Норово фрлен запален тврд предмет кон училиште. Во инцидентот  било повредено дете, чиј татко го пријавил случајот во полиција.

– На 26.10.2023 од страна на полициските службеници од ОВР Крушево лишен е од слобода Ф.Р.(22) од с.Норово, крушевско, постапувајќи по пријава на С.И.(38) од истото село, според која во близина на основно училиште во селото тој фрлил со запален тврд предмет и го погодил неговиот малолетен син, информираат од МВР.

Ф.Р. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава.

Претходна вестПочна реконструкција на пешачки патеки и тротоари во Ново Маало, Водно и Буњаковец
Следна вестОва се најскапите градови за живеење во Германија