Поголем број на нови мутации на корона вирусот биле детектирани по анализите извршени во Македонската академија на науките и уметностите. Овие варијанти на корона вирусот претходно не биле присутни кај пациентите во нашата држава.
-Податокот може да укажува на внес на нови случаи на Ковид-19 од странство, соопшти денеска Институт за јавно здравје.
Од ИЈЗ засега не соопштија детали за кои мутации станува збор и кај колку пациенти биле откриени.
Досега потврдено беше само присуството на британската мутација на корона вирусот во земјата.
Инаку во неделниот извештај, ИЈЗ јави дека за 5,3 проценти е зголемен бројот на нови случаи на заразени со Ковид-19 оваа недела, во споредба со претходната. Истовремено регистрирано е намалување од 34,8 отсто на починати од заразата, а процентот на позитивност изнесува 12,9 отсто од тестираните.