Во периодот јануари – октомври 2023 година, во однос на истиот период лани, бројот на туристите во Македонија е зголемен за 21.2 %. покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Кај домашните туристи има зголемување за 0.1 проценти, а кај странските за 38.6 проценти.
Има раст и кај бројот на ноќевањата за 9.8 проценти. Кај домашните туристи има зголемување за 1.1 проценти, а кај странските за 23.5 проценти.
Во Македонија во октомври годинава се евидентирани 94 165 туристи, од кои 27 илјади (28.9 %) биле домашни, а 67 илјади (71.1 %) странски туристи
Бројот на ноќевањата во октомври изнесувал 187 272, од кои 36.7 проценти се од домашните, а 63.3 проценти од странските туристи.