Во општина Центар годинава ќе почне да се гради српски културен центар

Во Општина Центар се завршени сите претходни постапки за изградба на српски културен центар кој ќе почне да се гради оваа година, најави денеска премиерот Зоран Заев. Информацијата тој ја сподели преку  Фејсбук и упати честитка до српската заедница за националниот празник – Свети Сава.

Тој најави и изградба на ваков Македонски културен центар во Белград.

Со нашите сограѓани од Србија ги унапредуваме традиционално добрите односи и со Република Србија и во таа насока во Општина Центар се завршени сите претходни постапки за изградба на Српски културен центар кој ќе почне да се гради оваа година, истовремено кога во соседна Србија ќе се реализира и идејниот проект за Македонскиот културен центар во Белград, напиша Заев.

Тој најави и дека ќе се вратат наставните програми за изучување на српскиот јазик и култура за што се одобрени наставните програми од трето до шесто одделение, а во постапка на одобрување се наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение.

Претходна вестСерија земјотреси во мавровско, утрово нов потрес од 3,6 степени
Следна вестОд грип досега заболеле 433 лица, за 73,2 отсто помалку од лани