Серија земјотреси во мавровско, утрово нов потрес од 3,6 степени

Серија на земјотреси ноќеска се случија во мавровско при што најсилен потрес се случил утрово во 7.44 часот со јачина од 3,6 степени според Европската макросеизмичка скала. Епицентарот на потресите е во мавровскиот регион, а според проценките тој е на длабочина од околу два километра во земјината почва.

Потресите почнаа да се случуваат синоќа во 21.03 часот при што имаа слаб интензитет. Но, поместувањето на почвата зачести во периодот по полноќ кога имаше серија на потреси. Првиот беше регистриран во 1.36 часот со магнитуда од 3,2 степени, по што следуваа уште два земјотреса во 2.29 и 2.49 часот со магнитуди од 2,8 и 2,7 степени според Европската макросеизмичка скала.

Овие потреси предизвикаа вознемиреност меѓу населениот во овој регион кој е во екот на зимската туристичка сезона. Засега не се пријавени оштетувања на објектите.

Ова е нова серија на потреси кои што доаѓаат по ланските потреси во ноември кога беше регистриран досега најсилниот земјотрес во овој регион од 4,9 степени. На 22 декември 2020 беше почувствуван уште еден земјотрес, со јачина од 3,3 степени и епицентар кај мавровското село Леуново.

И на 5 јануари во 5,07 часот во Маврово повторно беше регистриран земјотрес, овојпат од 2,6 степени според Европската макросеизмичка скала. Епицентарот бил на длабочина од 2 километри, 20 километри југозападно од Гостивар.

Претходна вест„Левица“ со порака до Царовска: Министерке мала ако треба историја ќе учиме и во илегала
Следна вестВо општина Центар годинава ќе почне да се гради српски културен центар