„Левица“ со порака до Царовска: Министерке мала ако треба историја ќе учиме и во илегала

„Министерке мала ако треба историја ќе учиме и во илегала“, „Без историја нема иднина“, „Човек без историја, дрво без корен“, „Во историја нема пари“, „Министерке кому му ја продавате историјата“,,„Не земајте им ја на децата историјата – учителка на животот“, „Ние не сме дрво без корен, Не за окупаторска реформа“… се натписи на плакати кои на повеќе училишта ги поставија припадниците на партијата Левица.

Повеќе локални ограноци на оваа партија – од Центар, Аеродром, Тетово, Охрид, Свети Николе… направија герила акција во која пред основни и средни училишта, и испратија порака на министерката за образование Мила Царовска околу предложените промени во сферата на основното образование.

Инаку, предложената реформа не е прифатена и од релевантните образовни институцији во земјава. Сериозни забелешки има и МАНУ, УКИМ, Филозофскиот факултет, ПМФ, Педагошкиот факултет во Скопје, бројни институти…

Претходна вестОблачно со сончеви периоди и засилен ветер
Следна вестСерија земјотреси во мавровско, утрово нов потрес од 3,6 степени