Семафорите слабо светат црвено во Ѓорче или до реткото казнување е?

Вкупно 119 возачи вчера биле санкционирани од страна на полицијата во рамките на контролите кои биле спроведени на подрачјето на скопската општина Ѓорче Петров. Од нив дури 11 поминале на црвено светло, што е серизен сообраќаен прекршок.

18 се казнети за возење без возачка дозвола, 6 за нерегистрирани возила, 5 за возење под дејство на алкохол, 4 за технички неисправни возила од јавниот превоз, 11 за минување на затворен семафор (црвено светло), 16 санкции за користење на мобилен телефон и 7 санкции за некористење сигурносен појас, соопшти полицијата.

Од МВР уверуваат дека сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Да се надеваме дека и ќе се засилат затоа што е очигледно дека голем дел од возачите не само што не почитуваат правила туку и го загрозуваат својот живот и животите на останатите учесници во сообраќајот.

Претходна вестОд грип досега заболеле 433 лица, за 73,2 отсто помалку од лани
Следна вестВо скопските ковид-центри има 262 пациенти, новопримени се 19 лица