Облачно со сончеви периоди и засилен ветер

На скопското подрачје денеска ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди и со засилен северен ветер. Дневната температура ќе се движи од утринските – 1 до максималните 3 степени.

На останатото подрачје во Македонија  времето ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен, а вдолж Повардарието силен ветер претежно од северозападен правец. Наместа ќе провејува слаб снег. До крајот на денот облачноста во најголем дел од земјава ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од -1 до 6 Целзиусови степени.

Од утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето, но ќе се задржи студено, особено во утринските часови. Од петок следува период на променливо облачно и потопло време со нови врнежи од дожд, а на планините од снег.

Претходна вестРаспишан конкурсот за дизајн на постер „Здраво млади 2021“
Следна вест„Левица“ со порака до Царовска: Министерке мала ако треба историја ќе учиме и во илегала