Распишан конкурсот за дизајн на постер „Здраво млади 2021“

Распишан е конкурсот на Младинскиот културен центар за дизајн на постер за единаесетото издание на фестивалот „ЗДРАВО МЛАДИ 2021!“. МКЦ ги повика сите заинтересирани, своите идеи да ги испратат на [email protected] со наслов „и јас сум ЗДРАВО МЛАДИ 2021“. Крајниот рок е 14 февруари 2021 година.

Ќе бидат наградени најдобрите три дизајни со парична награда: за прво место 12.000 денари, за второ 5.000 денари и за трето место 3.000 денари.

Сите примени дизајни ќе бидат дел од групна изложба, која ќе се реализира во рамки на единаесетото издание на „ЗДРАВО МЛАДИ“ закажано за 26 и 27 август 2021 во/околу МКЦ.

Претходна вестЧесто пукаат важни водоводни цевки: урбанистичкото дивеење си го зема данокот?
Следна вестОблачно со сончеви периоди и засилен ветер