Во „Панче Караѓозов“ ќе има и македонска паралелка за гинеколошко-акушерски сестри

Министерството за образование и наука во вторник ќе направи измена на конкурсот за гинеколошко-акушерска сестри во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“, што претходно предвидуваше за следната учебна година да има само паралелка на албански јазик, но не и на македонски јазик.

-Конкурсот за упис во средно образование во учебната 2023-2024 година е исто така заеднички дефиниран, но сепак, постои време и простор за измени. Во таа насока, иницијативата на СУГС Д-р Панче Караѓозов“ е веќе разгледана и информираме дека ќе биде прифатена, односно ќе се отвори и паралелка на македонски наставен јазик за профилот гинеколошко акушерска сестра, соопштија од МОН за Телевизија Сител.

Оваа одлука доаѓа откако во јавноста имаше многу бурни реакции.

Од Министерството за образование по критиките во јавноста дека на национална основа ги правеле уписите во средно, објаснувата дека изминатите години  конкурсите за упис во средни училишта, ги креира преку инклузивен пристап, во дијалог со засегнатите чинители, односно со локалните самоуправи, училиштата и бизнис заедницата.

Претходна вестАдеми си даде објаснување за смената на Дамева: Има правна дупка
Следна вестПродолжениот празничен викенд ги „мотивира“: 97 возачи казнети за пребрзо возење