Вкупнно 917 лица се лекуваат од компликации од кови-19 во болниците во државата.
Според податоците од Министерството за здравство, во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 28 нови пациенти, или вкупно 350 лица во моментов се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, најмногу приеми има на Инфективната клиника-19, потоа, во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ – 13 примени, на интерните клиники имало 8 приеми и во Козле биле примени 5 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 23 оздравени пациенти.
Во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 567 пациенти.
Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен, поради што во Скопје е отворена и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети.