Полските безбедносни служби пронајдоа и демонтираа уреди за прислушување во просторијата во која денеска треба да се состане министерскиот совет, изјави портпаролот на координаторот на специјалните служби.
-Службата за државна заштита, во соработка со Агенцијата за внатрешна безбедност, откри и демонтира уреди што може да се користат за прислушување во просторијата во која денеска треба да се одржи состанокот на Советот на министрите, напиша Јацек Добржински на социјалната мрежа „Икс“, пренесува Макфакс.
Вчера, владата соопшти дека истражува дали полски судија, кој имал пристап до доверливи информации и барал политички азил во Белорусија, шпионирал.