Третиот по ред базар за облека, книги, играчки и други прозводи од „втора рака“, но и рачно изработен накит и аксесоари, ќе се одржи во сабота (8 јуни) од 11 до 15 часот во „Јавна соба“, на кој ќе има 35 штандови, односно најмногу досега.
-Ќе доживеете едно сосема поинакво пазарање во ‘Јавна соба’ оваа сабота, во забавна, опуштена и пријателска атмосфера. Има голема можност да се најде нешто уникатно што го нема во регуларните молови, велат организаторите.
Тие велат дека трендот за производи од „втора рака“ е во нагорна линија и од страна на изложувачите, но и од страна на посетителите, што значи дека понудата е побогата и интересот за учество на вакви настани расте.
-Има голем број посетители кои ги поддржуваат овие мали и локални бизниси, а воедно прават добро и за својот буџет и животната средина, додаваат оттаму.
Влезот за посетителите е слободен.