Третата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на 11.07.2020 година (сабота), во раните утрински часови, информира денеска Градот Скопје.
Во соопштението се наведува дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.
-Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, се наведува во информацијата.
Третото авионско прскање на комарците следи откако граѓаните преку социјалните мрежи споделија искуства од кои се гледа дека досегашното авионско и терестерично прскање немаа големи ефекти. Комарците, но и мувите и други инсекти, се значително присутни во поголемиот дел од скопските населби.
Како што и „Скопско ехо“ пишуваше во своите коментари граѓаните поставуваат прашање дали е избран најсоодветен преапарат за запрашување и дали тоа се врши според потребните стандарди?
Надлежните од Градот Скопје, до сега, не одговорија на ваквите забелешки на граѓаните и не соопштија со какви средства се врши дезинсекција. Да се надеваме дека барем следното прскање ќе биде од корист за скопјани.