Поради пандемијата се бара кревет повеќе во болниците. Затоа, кај Клиничката болница во Штип ќе се поставува монтажна болница со капацитет од 56 кревети.
-Денеска вршиме увид на местото каде што ќе се поставува монтажна болница. Активностите во смисла на потребната инфраструктура се во тек. Почнуваме со подготовка на сите оние инфраструктурни инсталации, водовод, канализација, електручно напојување, така што очекуваме во догледно време да ги завршиме сите обврски што ги имаме како локална самоуправа за да може понатаму Министерство за здравство да го заврши преостанатиот дел, истакна в.д. градоначалникот на Штип, Јане Миланов.
Претставниците од јавните претпријатија „Стипион“ и „Исар“ информираа дека во наредните три недели ќе ги завршат своите обврски.