Ден на ослободувањето, а кога ќе го ослободите Скопје од загаден воздух и градежно дивеење?

Скопје денеска го слави херојскиот ден на ослободувањето, кога во 1944 година, Народноослободителната дивизија на македонската војска и 16-тата Македонска бригада го ослободија од фашистичка окупација.

Историјата памети дека по неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадиска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“, која беше распоредена пред Качаничката Клисура, македонските борци победнички влегоа во градот и го ослободија од фашизмот.

Скопјани го слават денот, но истовремено иронично испраќаат пораки до локалната власт сакајќи да ги потсетат дека ветувањата мораше да бидат исполнети:

-Скопје е еднаш ослободено вистински, но никогаш не го ослободивте од градежна мафија, загаден воздух, урбано дивеење…

-Скопје е позаробено од кога и да е, заклучено во занданите на смогот што го дишеме, против кого ни бесплатни маски не обезбедивте!

-Скопје е љубовна приказна, но страда од профитери кои егзистираат од загадување, градежна инвазија…Кога ќе го ослободите Скопје од нив? Веројатно никогаш, не сте партизани, затоа! – не престануваат коментарите на социјалните мрежи.

Време е некој да го стави прстот на чело. Еден од аргументите зошто е синоќешното повторно гушење во ПМ10 особено во Аеродром.

Претходна вестРегистрирани 1.295 новозаразени, починаа 26 лица
Следна вестПо кусо боледување почина пијанистката Јасминка Чакар