Во Скопје магла и температурата до 6 степени, во поголемиот дел од државата сончево

Маглата утрово покажува дека Скопје и денеска нема да го види небото и повременото сонце кое ќе се појави во останатиот дел од Македонија. Метеоролозите предвидуваат дека во главниот град во поголем дел од денот ќе има магла, која попладне краткотрајно и делумно ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 6 степени.

Сончево време со мала до умерена облачност во поголемиот дел од државата најавува УХМР за денеска. Во одредени котлини и долж Поварадарието ќе има и магла која попладне ќе се намали.

Минималната температура ќе се движи во интервал од минус-4 до 3, а максималната од 9 до 17. Во местата со магла температурата ќе се движи од 5 до 7 степени.

Се очекува утре попладне да дува умерен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието, кој ќе продолжи и во среда, поради што преодно ќе се намалат условите за магла.

Претходна вестНа потонатиот сплав во Белград имало два до три пати повеќе луѓе од дозволеното
Следна вестТурција почнува да наплаќа туристичка такса